ХОЛАНДСКИОТ КРАЛ И КРАЛИЦАТА ВРАТЕНИ ОД ОДМОР ВО ГРЦИЈА, ПРЕМИЕРОТ РЕЧЕ ДЕКА НЕ СМЕЕЛ ДА ИМ ДОЗВОЛИ ДА ПАТУВААТ ПОРАДИ ДЕЛУМНИОТ КАРАНТИН

    ХОЛАНДСКИОТ КРАЛ И КРАЛИЦАТА ВРАТЕНИ ОД ОДМОР ВО ГРЦИЈА, ПРЕМИЕРОТ РЕЧЕ ДЕКА НЕ СМЕЕЛ ДА ИМ ДОЗВОЛИ ДА ПАТУВААТ ПОРАДИ ДЕЛУМНИОТ КАРАНТИНКралот Вилем-Александер и кралицата Максима заминаа за Грција во петокот, но се вратија веќе наредниот ден со редовен комерцијален лет на КЛМ (Фото: Гети)

    Холандскиот премиер Марк Руте призна дека направил погрешна проценка што не го посоветувал кралското семејство да не оди на одмор во Грција, откако земјата ги воведе најстрогите мерки за борба против коронавирусот досега.

    Кралот Вилем-Александер и кралицата Максима заминаа за Грција во петокот, но се вратија веќе наредниот ден откако се соочија со големи критики од јавноста. Тие не прекршиле ниедно правило, но холандската влада претходно препорача да се избегнуваат сите несуштински патувања.

    „Бев известен за плановите на кралското семејство, но предоцна сфатив дека неговиот одмор веќе не е во согласност со донесените мерки против ширењето на коронавирусот. Преземам целосна министерска одговорност за тоа“, изјави Руте.

    Кралското семејство замина на одмор со владин авион, а се врати во саботата вечер со редовна линија на авиокомпанијата КЛМ.

    Холандија викендов забележа нов дневен рекорд од 8.114 нови случаи на коронавирус. Баровите, рестораните и продавниците за марихуана се затворени на најмалку четири недели, а продажбата на алкохол е забранета после 20 часот. Носењето маска на јавните места е задолжително за сите над 13 години, а бројот на гостите дома не смее да биде поголем од тројца.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира