ХОНДУРАС ГИ ПРЕКИНА ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ СО ТАЈВАН И СЕГА ВЕЛИ ДЕКА ИМА САМО ЕДНА КИНА

    ХОНДУРАС ГИ ПРЕКИНА ДИПЛОМАТСКИТЕ ОДНОСИ СО ТАЈВАН И СЕГА ВЕЛИ ДЕКА ИМА САМО ЕДНА КИНАКина соопшти дека нејзиниот министер за надворешни работи Кин Ганг и неговиот колега од Хондурас Едуардо Енрике Реина потпишале договор за дипломатско признавање во Пекинг, ставајќи крај на односите со Тајван. (Фото: Кинеско МНР)

    Хондурас ги прекина дипломатските односи со Тајван и вели дека „има само една Кина во светот“. Земјата од Латинска Америка стана деветтата земја што ја изгуби Тајпеј како дипломатски сојузник и сега остануваат 13 земји што го признаваат независноста на Тајван.

    „Владата на Република Хондурас го признава постоењето на само една Кина во светот и владата на Народна република Кина е единствената легитимна влада која што ја претставува цела Кина“, соопшти Министерството за надворешни работи на Хондурас.

    Оттаму додаваат дека Тајван е неделив дел од кинеската територија и дека го известиле Тајван дека ги прекинуваат дипломатските односи.

    Кина соопшти дека нејзиниот министер за надворешни работи Кин Ганг и неговиот колега од Хондурас Едуардо Енрике Реина потпишале договор за дипломатско признавање во Пекинг, ставајќи крај на односите со Тајван.

    Тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву го обвини Хондурас дека потклекнал под кинеските ветувања за финансиска помош. Потегот на Хондурас доаѓа по преговорите со Кина за изградба на хидроелектрана во земјата.

    Кина го смета Тајван за дел од својата територија и нагласува дека ќе го донесе под своја контрола и со сила ако треба и одбива да има контакт со земји кои што имаат формални односи со островот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира