ХОСПИТАЛИЗИРАН БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСОНАРО ОТИ 10 ДЕНА НЕ МОЖЕЛ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ИКА

    ХОСПИТАЛИЗИРАН БРАЗИЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ БОЛСОНАРО ОТИ 10 ДЕНА НЕ МОЖЕЛ ДА ПРЕСТАНЕ ДА ИКАБразилскиот претседател Болсонаро ќе остане под опсервација во наредните 48 часа, а се прават тестови да се утврди што го предизвикува икањето. (Фото: Твитер/Болсонаро)

    Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е примен во болница со болки во стомакот откако веќе 10 дена не можел да престане да ика.

    66-годишниот Болсонаро денеска бил однесен во воена болница во главниот град Бразилија, а во кусо соопштение од неговиот кабинет се вели дека претседателот е во добро расположение, но ќе остане под опсервација во наредните 48 часа. Се прават тестови да се утврди што го предизвикува икањето.

    Локалните медиуми објавија дека хирургот Антонио Луиз Мачедо, кој го оперираше Болсонаро откако беше прободен во 2018 година, е на пат за болницата.

    За време на патување во јужен Бразил минатиот петок, Болсонаро мораше да напушти една официјална вечера, бидејќи му се слошило. Во една од последните негови објави на социјалните мрежи, Болсонаро кажа дека проблемот со икањето започнал откако бил операција на забите на 3 јуни и за проблемот ги обвини лекарствата што му биле препишани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира