ХРВАТСКА ГО ЗАПИРА И ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ

    ХРВАТСКА ГО ЗАПИРА И ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТОдлуката ќе ги опфати и автобусите и железницата и трамваите (Фото: Пиксел)

    Хрватска од утре го запира целиот јавен превоз во земјата, во обидите да се спречи ширењето на коронавирусот.

    Властите денеска објавија дека во земјата досега има 168 случаи на коронавирус, 40 повеќе во однос на вчера, а едно лице почина. Низ земјата се затворени и паркови и детски игралишта и полицијата патролира за да се спречи поголемо собирање на луѓе.

    „Со оглед на зголемениот ризик од пренесување на коронавирусот при неговото користење, донесена е одлука за запирање на јавниот превоз во наредните 30 дена“, објави штабот на цивилната заштита.

    Тоа ќе го опфати и автобускиот и железничкиот превоз низ земјата, како и трамваите во градовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира