ХРВАТСКА ЌЕ ИМ ДАВА ФИНАНСИСКА ПОМОШ САМО НА ФИРМИТЕ ЧИИ ВРАБОТЕНИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ

    ХРВАТСКА ЌЕ ИМ ДАВА ФИНАНСИСКА ПОМОШ САМО НА ФИРМИТЕ ЧИИ ВРАБОТЕНИ СЕ ВАКЦИНИРАНИОд хрватската влада велат дека вакцинирањето е патриотски чин (Фото: Пиксел)

    Хрватската влада најави дека ќе ја укине финансиската помош за оние фирми чии вработени не сакаат да се вакцинираат против ковид-19, истакнувајќи дека вакцинирањето е патриотски чин. Од владата засега не откриваат на кој начин ќе го спроведат тоа.

    „Не се откажуваме од идејата во земја како Хрватска, чиј бруто домашен производ во добар дел зависи од туризмот, дополнително ги наградиме оние кои се однесуваат одговорно“, изјави министерот за стопанство и одржлив развој Томислав Ќориќ.

    И додека стапката на вакцинирани туристички работници изнесува околу 70%, од Хрватската стопанска комора велат дека постојат компании во кои дури 60% од вработените одбиваат да се вакцинираат.

    „Целта е да ги наградиме одговорните, а на неодговорните да им покажеме дека тоа што го прават нема смисла“, додаде Ќориќ.

    За разлика од Хрватска, Грција објави дека Владата ја укинува државната помош, а во случај на четврти бран на пандемијата, ќе се затвораат само фирмите кои на работа ги примаат и вакцинираните и невакцинираните работници.

    Грчкиот вицепремиер Акис Скерцос изјави: „Пораката на владата е јасна: вакцинираните можат да се вратат во нормален живот, а невакцинираните не можат. Од септември нема да има општи рестриктивни мерки, туку само локализирани и тоа ќе се однесува само на луѓето кои не се имунизирани“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира