Европскиот совет денеска предложи од 1 јануари 2023 да се укинат сите контроли на копнените и поморските граници на Хрватска со земјите од Шенген зоната, а од 26 март и на аеродромите.
Шенген зоната вклучува 26 држави, од кои четири не се членки на ЕУ – Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија, кои сепак немаат право на глас.
Конечната одлука за влегувањето на Хрватска во Шенген зоната ќе ја донесе Европскиот парламент, што се очекува во октомври. Ако нема непредвидени пречки, Хрватска истовремено ќе стане дел од шенгенскиот простор и од еврозоната во десеттата година од своето членство во ЕУ.