И ЧЕШКА И СЛОВАЧКА ИМ ЗАБРАНИЈА НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДА ОДАТ ВО РЕСТОРАНИ, ПАБОВИ И ЈАВНИ УСТАНОВИ

    И ЧЕШКА И СЛОВАЧКА ИМ ЗАБРАНИЈА НА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ ДА ОДАТ ВО РЕСТОРАНИ, ПАБОВИ И ЈАВНИ УСТАНОВИЧешката вкада денеска би можела да прогласи и вонредна состојба (Фото: ЕПА)

    На невакцинираните во Чешка и Словачка од денеска им е забранет влез во пабовите и јавните установи, додека болниците во двете земји се полнат со ковид пациенти, од кои најголем дел не се имунизирани. Тие ги усвоија строгите мерки минатата недела, следејќи го примерот на Австрија, која прва воведе ограничувања за невакцинираните, што од денеска е проширено во национален карантин.

    Чешката влада распореди војници за да помагаат во болниците, во кои што лежат над 700 пациенти на интензивна нега. Владата денеска би можела да прогласи и вонредна состојба, со цел да добие дополнителни овластувања и да им нареди на студентите по медицина да се стават на располагање во болниците.

    Според новите мерки во Чешка, само оние кои се вакцинирани или го прележале ковид-19 во изминатите шест месеци ќе можат да одат во ресторани, хотели, јавни установи или на јавни настани, како спортски натпревари.

    „И Словачка воведува карантин за невакцинираните“, изјави премиерот Едуард Хегер.

    Во големи делови од Словачка, владата им нареди на рестораните да работат само со нарачки и на невакцинираните им забрани пристап на бројни места. Словачка ја има третата најниска стапка на вакцинирање во ЕУ од само 46,8%, а во Чешка, 60% од жителите имаат примено барем една доза.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира