И ДРУГОТО КУЧЕ НА БАЈДЕН ИСЕЛЕНО ОД БЕЛАТА КУЌА ПО СЕРИЈА КАСНУВАЊА НА АГЕНТИ НА ТАЈНАТА СЛУЖБА

    И ДРУГОТО КУЧЕ НА БАЈДЕН ИСЕЛЕНО ОД БЕЛАТА КУЌА ПО СЕРИЈА КАСНУВАЊА НА АГЕНТИ НА ТАЈНАТА СЛУЖБАЏо и Џил Бајден го добија Командер во 2021 (Фото: Гети)

    Кучето на семејството Бајден, Командер, е иселено од Белата куќа по серија инциденти со каснувања. Сѐ уште не е одлучено што ќе се случува со двегодишниот германски овчар, кажа портпаролката на првата дама Џил Бајден.

    Последниот инцидент се случи минатата недела, кога Командер каснал агент на Тајната служба, кој примил прва помош на самото место. Тоа беше 11. пат кучето да касне припадник на обезбедувањето во Белата куќа или во домот на Бајден во Делавер.

    „Претседателот и првата дама силно се грижат за безбедноста на сите кои работат во Белата куќа. Тие се благодарни за трпението и поддршката на Тајната служба“, изјави портпаролката Елизабет Александер.

    Таа не кажа каде се наоѓа кучето сега и дали ќе се врати во Белата куќа.

    Портпаролката на Белата куќа претходно кажа дека нападите се должат на стресот од живеење во Белата куќа.

    „Како што знаете, овој комплекс може да биде уникатен и стресен, па можете да замислите како им е на домашните миленици“, изјави таа во јули.

    И другото куче на Бајден учествувало во неколку инциденти со каснување на агенти на Тајната служба. Мејџор во меѓувреме беше иселен од Белата куќа и сега живее кај пријатели на Бајден.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира