И ИТАЛИЈА ВОВЕДУВА КОВИД ПРОПУСНИЦА ЗА ВЛЕЗ ВО РЕСТОРАНИ, МУЗЕИ И СТАДИОНИ

    И ИТАЛИЈА ВОВЕДУВА КОВИД ПРОПУСНИЦА ЗА ВЛЕЗ ВО РЕСТОРАНИ, МУЗЕИ И СТАДИОНИКовид пропусницата засега нема да биде потребна во јавен превоз (Фото: Шатерсток)

    Италија е последната европска земја која воведува задолжителна ковид пропусница, што ќе стапи на сила на 6 август.

    Оваа мерка ќе им овозможи на сите над 12 години кои примиле барем една доза од вакцината да имаат пристап на разни места, како кина, музеи, теретани, базени, стадиони и ресторани. Сепак, таа засега нема да биде потребна во јавен превоз, вклучувајќи го авионскиот, откако околу ова се појавија несогласувања во владината коалиција. Ноќните клубови и натаму остануваат затворени.

    Италија бележи ново ширење на коронавирусот, што се припишува на делта сојот, при што вчера беа регистрирани повеќе од 5.000 нови случаи.

    Повеќе од половина Италијанци се целосно вакцинирани. Премиерот Марио Драги ги осуди десничарските политичари кои ги повикуваат младите да одбијат да се вакцинираат.

    „Тоа е повик луѓето да умрат“, изјави Драги.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира