И ПОКРАЈ ПОБЕДАТА ВО МЕКЛЕНБУРГ-ЗАПАДНА ПОМЕРАНИЈА, АФД НЕ ОЧЕКУВА ДА ФОРМИРА ВЛАДА

    И ПОКРАЈ ПОБЕДАТА ВО МЕКЛЕНБУРГ-ЗАПАДНА ПОМЕРАНИЈА, АФД НЕ ОЧЕКУВА ДА ФОРМИРА ВЛАДАКолидерката на АфД, Алис Вајдел, му порача на канцеларот Мерц да извлече заклучоци по последните порази (Фото: ДПА)

    Еден од лидерите на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), Тино Крупала, изјави дека се отворени за разговори по изборната победа во североисточната покраина Мекленбург-Западна Померанија, и покрај тоа што немаат коалициски партнери. АфД веројатно нема да формира влада бидејќи сите други партии одбиваат да соработуваат со крајната десница.

    „Мислам дека би можеле да владееме. Сепак, во моментов не изгледа дека тоа ќе се случи и тоа не е добра насока за нашата сојузна држава“, рече Лајф-Ерик Холм, главниот кандидат на АфД во Мекленбург-Западна Померанија.

    Многумина очекуваат Социјалдемократи (СПД), Левица и Зелени да формираат коалиција и влада.

    По Саксонија-Анхалт, АфД победи и на вчерашните избори во Мекленбург-Западна Померанија со 38,2% гласови, пред СПД со 35,5%.

    Конзервативната ЦДУ на канцеларот Фридрих Мерц освои само 4,9% гласови и не успеа да влезе во покраинскиот парламент. Ова е првпат во нејзината 81-годишна историја партијата да не освои места во еден покраински парламент. И покрај резултатот што го опиша како катастрофален, Мерц рече дека нема да се повлече од канцеларската функција.

    „Фридрих Мерц мора да извлече заклучоци. Тој мора да го стори тоа за својата партија, а исто така и за Германија“, рече колидерката на АфД, Алис Вајдел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира