И ЖИТЕЛИТЕ НА ПЕКИНГ ЌЕ МОРА ДА ЈА ГЛЕДААТ ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА НА ТЕЛЕВИЗИЈА ЗАШТО КАРТИ НЕМА ДА СЕ ПРОДАВААТ

    И ЖИТЕЛИТЕ НА ПЕКИНГ ЌЕ МОРА ДА ЈА ГЛЕДААТ ЗИМСКАТА ОЛИМПИЈАДА НА ТЕЛЕВИЗИЈА ЗАШТО КАРТИ НЕМА ДА СЕ ПРОДАВААТПекинг е првиот град на кој му била доделена организација и на летна и на зимска олимпијада (Фото: АП)

    На две недели до почетокот на Зимските олимписки игри, жителите на Пекинг се разочарани што нема да можат да присуствуваат на натпреварувањата откако делови од градот беа ставени во карантин поради ширењето на коронавирусот.

    Организаторите во понеделникот објавија дека карти нема да се продаваат и дека ќе смеат да присуствуваат само одбрани гледачи. Пристапот кон Националниот стадион и затворените борилишта во срцето на Пекинг е забранет.

    „Бев на Олимпијадата во Пекинг во 2008 и жал ми е што сега нема да можам да ги гледам Игрите во живо, туку само на телевизија и интернет. Сепак, тоа не се споредува“, вели Чен Лин, жител на Пекинг.

    Пекинг е првиот град на кој му била доделена организација и на летна и на зимска олимпијада. Чен вели дека во градот се чувствува далеку помала возбуда околу ОИ во споредба со 2008.

    „Зимските игри не привлекуваат толкаво внимание како летните, а тука е и пандемијата“.

    Појавата на сојот омикрон ги зголеми грижите за ново ширење на коронавирусот, иако во Пекинг досега бил регистриран само еден случај. Во остатокот од земјата, околу 20 милиони луѓе се ставени во некаков облик на карантин, а неколку градови наредија тестирање на целото свое население.

    Организаторите претходно објавија дека странски фанови нема да смеат да присуствуваат на Игрите, кои почнуваат на 4 февруари, само неколку дена по стартот на прославите на Кинеската нова година. Од олимпијците, официјалните лица, персоналот и новинарите е побарано да влезат во „антипандемиски меур“, при што не смеат да имаат надворешни контакти и мора да се тестираат секој ден.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира