ИАКО НЕМА МНОЗИНСТВО, ПРЕМИЕРОТ МОРАВЈЕЦКИ ДОБИ МАНДАТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВА ПОЛСКА ВЛАДА

    ИАКО НЕМА МНОЗИНСТВО, ПРЕМИЕРОТ МОРАВЈЕЦКИ ДОБИ МАНДАТ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВА ПОЛСКА ВЛАДААко Моравјецки не добие доверба во парламентот, ќе биде назначен друг премиер, што веројатно ќе биде Доналд Туск (Фото: Гети)

    Полскиот премиер Матеуш Моравјецки прв ја доби шансата да формира нова влада откако неговата националистичка партија Правда и закон (ПиС) победи на изборите минатиот месец, иако ќе има невозможна задача да обезбеди мнозинство.

    Коалицијата на проевропски партии, предводена од Доналд Туск, има пореални шанси да формира влада, но претседателот Анджеј Дуда уште пред изборите кажа дека прво ќе ѝ го даде мандатот на партијата со најмногу пратеници во парламентот. ПиС, која е на власт од 2015, победи на изборите, но го изгуби мнозинството. Сите поголеми партии ја одбија можноста да коалицираат со неа.

    „По внимателни анализи и консултации, одлучив да му ја доверам мисијата за формирање влада на премиерот Матеуш Моравјецки“, изјави Дуда, кој е сојузник на ПиС.

    Ако Моравјецки не добие доверба во парламентот, ќе биде назначен друг премиер. Тоа веројатно ќе биде поранешниот претседател на Европскиот совет, Доналд Туск. Тој го повика Дуда да не одолжува со неговото назначување за премиер затоа што со тоа се намалуваат шансите за одблокирање милијарди евра вредна помош од фондовите на ЕУ, што Брисел ја замрзна поради спорните правосудни реформи во Полска.

    „Јасно е дека на крајот јас ќе бидам премиер, без разлика што ќе одлучи Дуда“, кажа Туск непосредно пред обраќањето на претседателот.

    Назначувањето на Туск за премиер ќе значи голем пресврт во Полска по осум години конфликти со Брисел околу прашања како миграција и правата на ЛГБТ заедницата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира