ИДНОТО ЛЕТО ДИРЕКТЕН ЛЕТ АТИНА – СКОПЈЕ, НАЈАВУВА ГРЧКА АВИОКОМПАНИЈА

    ИДНОТО ЛЕТО ДИРЕКТЕН ЛЕТ АТИНА – СКОПЈЕ, НАЈАВУВА ГРЧКА АВИОКОМПАНИЈАГрчката авиокомпанија „Ејџиан“ во 2003 година кусо време ја одржуваше линијата Атина - Скопје по што се повлече - дел од флотата на „Ејџиан“ на атинскиот аеродром Елефтериос Венизелос (Фото: Ејџиан ерлајнс)

    Идното лето главните градови на Македонија и Грција, Скопје и Атина ќе бидат поврзани со директна линија, објави грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ на својата официјална веб страница.

    На претставувањето на редот на летање за летната сезона во 2018 година на најголемата грчка авиокомпанија беше речено дека „Ејџиан“ во 2018 година ќе лета на 18 нови дестинации, меѓу кои е и Скопје.

    Картите за продажба уште не се пуштени во резервациониот систем.

    „Ејџиан“ леташе за Скопје во 2003 година, но многу брзо таа линија беше укината. Покрај тоа, извесен период „Ејџиан“ одржуваше чартер летови закупени од македонските туристички агенции во летните месеци на релацијата Скопје – Ханиа на грчкиот остров Крит.

    „Ејџиан“  е најголемата грчка компанија која ги презеде летовите од поранешниот државен превозник „Олимпик“. Има 47 авиони во флотата и лета на 88 дестинации низ Грција, Европа и Блискиот исток. Дел е од големата воздухопловна алијанса „Стар алајанс“ предводена од германската „Луфтханза“.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира