ИЛИ ЌЕ МЕ УБИЈАТ ИЛИ ЌЕ ПОБЕДАМ НА ИЗБОРИТЕ ВО 2022, ВЕЛИ ЖАИР БОЛСОНАРО

    ИЛИ ЌЕ МЕ УБИЈАТ ИЛИ ЌЕ ПОБЕДАМ НА ИЗБОРИТЕ ВО 2022, ВЕЛИ ЖАИР БОЛСОНАРОБолсонаро заостанува во анкетите зад бившиот претседател Лула де Силва (Фото: АП)

    Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вели дека има три алтернативи за следната година, кои вклучуваат и негово убиство.

    „Има три алтернативи за мојата иднина: да ме уапсат, да бидам убиен или да победам на изборите следната година“, кажа 66-годишниот Болсонаро на средба со евангелистичките лидери.

    Тој додаде дека нема шанси да биде уапсен, зашто ниеден човек на планетата не може да му се заканува.

    Болсонаро верува дека ќе го освои вториот мандат, иако во сегашните анкети заостанува зад бившиот претседател Луис Инасио Лула де Силва. Тој ги повика евангелистичките лидери да се придружат на националните демонстрации на 7 септември, на кои ќе собира поддршка за изборите. Огромниот евангелистички гласачки блок имаше клучна улога во неговата победа на изборите во 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира