ИЛЈАДНИЦИ СУРФЕРИ СО ЖИВ ШТИТ ГО БРАНЕА АВСТРАЛИСКИОТ ЗАЛИВ ОД ДУПЧЕЊА ЗА НАФТА И ГАС

    ИЛЈАДНИЦИ СУРФЕРИ СО ЖИВ ШТИТ ГО БРАНЕА АВСТРАЛИСКИОТ ЗАЛИВ ОД ДУПЧЕЊА ЗА НАФТА И ГАССерферите завеслаа од најпознатата австралиска плажа Бонди бич во Сиднеј, за да привлечат внимание за смртната опасност со која се соочува Великиот Австралиски Залив поради планот да се отвори за копање нафта и гас (Фото: Њујорк тајмс)

    „Веслањето“ е најсветиот сурферски ритуал, церемонија за помен во која оплакувачите се држат за раце и се молат во морето. Вчера, серферите завеслаа од најпознатата австралиска плажа, но овојпат не за помен на еден од нив, туку да привлечат внимание за смртната опасност со која се соочува еден богат и чист дел од океанот, поради планот да се отвори за копање нафта и гас. Собирот, на Бонди бич во Сиднеј, е дел од серијата протести што изминативе недели се здружија низ цела Австралија за да се зачува Великиот Австралиски Залив, рај за еден од најнеобичните морски светови во природата.

    Предлогот на норвешката копанија „Еквинор“ да дупчи во водите близу австралиското јужно крајбрежје ги разбесни сурферите, меѓу кои и генерации на тукашните најпознати професионални спортисти. Сурфањето има огромно економско и културно значење за Австралија, која го има едно од најубавите и најчисти крајбрежја во светот.

    Како што се наближуваат фередарлните избори на 18 мај, така предлогот на „Еквинор“ стана тест дали Австралија е попосветена на ископувања на природни ресурси или на заштита на недопрени екосистеми, а плажите станаа политички форум.

    Многу Австралијци се веќе фрустрирани од тоа што владата не успеа да ги намали емисиите на јаглерод диоксид. Меѓу другите теми за заштита на животната средина се и рударскиот гигант кој неодамна објави дека ќе продолжи со огромниот проект за ископување јаглен, и политичкиот скандал поврзан со скапите лиценци за вода.

    Илјадници луѓе учествуваа на протестите кои изминатиов месец се одржаа во Мелбурн и Тасманија.
    Великиот Австралиски Залив е познат како австралиски одговор на Галапагос: појас од океанот кон Антарктикот што е дом на китови и разновидни риби. Морскиот свет во Заливот научниците го изедначуваат со еколошката вредност на Великиот Јужен Гребен и Великиот Корален Гребен.

    Но, експертите велат дека во Заливот се и едни од најголемите резерви на природен гас во светот, а „Еквинор“, компанија контролирана од норвешката влада што порано се викаше „Статоил“, планира да почне со дупчење до крајот на годинава. „Еквинор“ си го смени името за да се оддалечи од зборот „оил“ (нафта) бидејќи ги истакнува инвестициите во обновлива енергија.

    За планот да се вади природен гас треба дозвола од австралиското регулаторно тело за ископување гас и нафта, а „Еквинор“ инсистира дека истражувањето ќе биде безбедно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира