ИЛОН МАСК ИМ ЗАБРАНИ НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ ДА ЈА КОРИСТАТ АПЛИКАЦИЈАТА ЗУМ ЗАШТО Е НЕБЕЗБЕДНА

    ИЛОН МАСК ИМ ЗАБРАНИ НА СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ ДА ЈА КОРИСТАТ АПЛИКАЦИЈАТА ЗУМ ЗАШТО Е НЕБЕЗБЕДНААпликацијата Зум стана популарен метод за одржување видеосостаноци откако почна пандемијата на коронавирусот (Фото: АФП)

    „СпејсЕкс“, ракетната компанија на Илон Маск, им забрани на своите вработени да ја користат видеоконференциската апликација Зум поради сериозни грижи дека ги нарушува приватноста и безбедноста.

    Ова уследи само неколку дена откако американските власти ги предупредија корисниците дека оваа популарна апликација не е безбедна.

    Користењето на Зум и на други слични дигитални форми на комуникација значително порасна откако на милиони луѓе им беше советувано да останат дома поради пандемијата на коронавирусот.

    На вработените во „СпејсЕкс“ на 28 март им било кажано дека се оневозможува пристапот до Зум.

    „Разбравме дека многумина од вас ја користат оваа алатка за одржување состаноци и консултации, но место тоа, ве молиме да користите електронска пошта, телефон и пораки како алтернативни начини на комуникација“, соопшти компанијата.

    Претходно, и НАСА им забрани на своите вработени да комуницираат преку Зум.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира