ИМАЈТЕ НА УМ КАКО ВИЕ ГО НАЈДОВТЕ ПАТОТ ДО ЕУ, МУ РЕЧЕ КАНЦЕЛАРОТ ШОЛЦ НА БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ ВО СОФИЈА

    ИМАЈТЕ НА УМ КАКО ВИЕ ГО НАЈДОВТЕ ПАТОТ ДО ЕУ, МУ РЕЧЕ КАНЦЕЛАРОТ ШОЛЦ НА БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПЕТКОВ ВО СОФИЈАМораме да бидеме фер кон оние кои толку долго ги вложуваат сите свои надежи и нивните национални напори кон можноста, да станат членки на ЕУ - Олаф Шолс - (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Секогаш треба да го имаме на ум она што самите сме го доживеале кога ги гледаме другите“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија потсетувајќи го домаќинот, бугарскиот премиер Кирил Петков дека и за Бугарија било голем момент кога го пронашла патот до ЕУ.

    „По ужасните разорувања кои ги предизвика Германија во Втората светска војна, за нас беше многу важно да бидеме повторно дел од Европа. И за Бугарија беше голем момент кога го пронајде патот до Европската Унија, и тука да се чувствува како дома. Мораме да бидеме фер кон оние кои толку долго ги вложуваат сите свои надежи и нивните национални напори кон можноста, да станат членки на ЕУ“, рече Шолц.

    Германскиот канцелар и во Софија повтори дека Северна Македонија ги исполнува условите за почеток на преговорите „како ниедна друга земја“.

    „Германија разбира дека не е лесно да се надминат историските разлики меѓу две земји, но германското искуство покажува дека е збогатувачко за сите земји кога ќе се надминат недовербата и ќе се изградат пријателски односи со соседите“, рече Шолц.

    Претходно, на прес конференција во Скопје германскиот канцелар Олаф Шолц повеќе пати повтори дека Македонија ги исполнила сите услови и треба веднаш да ги почне пристапните приговори за членство во Европската унија. Тој на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски кажа дека тој лично на Самитот ЕУ-Западен Балкан на 23 јуни, ќе се заложи да се откочи процесот поради ветото од Бугарија и да се одржи првата меѓувладина конференција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира