Индија, втората најнаселена држава на светот со 1,3 милијарди жители, е ставена во национален карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот. Рестрикциите ќе бидат на сила до 21 април.
„Со воведува тотална забрана за излегување од дома“, изјави премиерот Нарендра Мори.
Во Индија досега има 519 потврдени случаи на коронавирус, а 10-мина починале.
„Целата земја ќе биде затворена, целосно затворена. За да ја спасиме Индија, за да спасиме секој жител, секоја улица, секое маало ќе биде затворено. Ако Индија не ги издржи овие 21 ден, тогаш нашата земја ќе се уназади за 21 година. Ова е полициски час, ќе платиме висока економска цена, но сите имаме одговорност“, кажа Мори.
Индија ги приземји сите свои авиони, а запрени се и железницата и поголемиот дел од патничкиот превоз.