ИНДОНЕЗИСКИОТ АВИОН СО 62 ЛУЃЕ ШТО ИСЧЕЗНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ПАДНАЛ ВО МОРЕТО, ИЗЈАВИЈА СВЕДОЦИ

    ИНДОНЕЗИСКИОТ АВИОН СО 62 ЛУЃЕ ШТО ИСЧЕЗНА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО ПАДНАЛ ВО МОРЕТО, ИЗЈАВИЈА СВЕДОЦИАвионот на „Сривиџаја ер“ исчезнал од радарот четири минути по полетувањето (Фото: Ројтерс)

    Индонезискиот патнички авион со 62 луѓе кој исчезна денеска набргу по полетувањето од Џакарта паднал во морето, изјавија сведоци. Спасувачка операција е во тек и официјални лица кажаа дека во морето се пронајдени остатоци за кои се верува дека се од авионот.

    „Боинг 737-500“ на локалниот авиопревозник „Сривиџаја ер“ летал за Понтијанак во провинцијата Западен Калимантан и сајтот за следење авионски летови „Флајтрадар24“ објави дека тој за помалку од една минута изгубил висина од 3.000 метри. Авионот исчезнал од радарот четири минути по полетувањето.

    Сведоци изјавија дека виделе и слушнале најмалку една експлозија.

    „Авионот како гром падна во морето и експлодираше во водата. Беше доста блиску до нас“, изјави еден локален рибар.

    Министерството за транспорт соопшти дека во авионот стар 26 години имало 50 патници и 12 членови на екипажот, иако негов капацитет бил 130 патници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира