Контроверзниот инфлуенсер Ендрју Тејт беше повторно уапсен и ја помина ноќта во полициска станица како дел од истрага по нови обвинувања против него. Тој и неговиот брат Тристан беа однесени на испрашување од романската агенција за сериозен криминал (ДИИКОТ), додека полицијата вршеше претрес во нивниот дом.
Тејт веќе е обвинет и чека судење за силување и трговија со луѓе, но сега може да се соочи со ново судење за секс со малолетнички, како и перење пари и влијание на сведоци, според романското обвинителство.
Ендрју и Тристан Тејт, кои многу следбеници на социјалните мрежи, досега ги демантираа сите обвинувања.
Според соопштението на ДИИКОТ, претрес бил извршен на четири локации во Букурешт и во Илфов. Браќата Тејт потоа биле донесени на испрашување во придружба на вооружени полицајци, со лисици на рацете.