ИНТЕРПОЛ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ИДЕНТИФИКУВА 22 ЖЕНИ ЧИИ УБИСТВА СЕ НЕРЕШЕНИ СО ДЕЦЕНИИ

    ИНТЕРПОЛ ЌЕ СЕ ОБИДЕ ДА ИДЕНТИФИКУВА 22 ЖЕНИ ЧИИ УБИСТВА СЕ НЕРЕШЕНИ СО ДЕЦЕНИИИнтерпол направи реконструкција на лицата на жртвите (Фото: Гети)

    Интерпол почна голема операција за решавање на 22 убиства на жени кои се мистерија со децении. Во соработка со полициите на Германија, Белгија и Холандија, Интерпол ќе се обиде да го открие идентитетот на мртвите жени, кои се пронајдени таму во периодот меѓу 1976 и 2019 година.

    Операцијата „Идентификувај ме“ почна со објавувањето на фотографиите од облеката и личните предмети на жртвите, како и со реконструкцијата на нивните лица.

    Меѓу нерешените убиства во Германија се случајот со мумифицираното тело на жена пронајдено во Келн во 2001 и случајот од 1986 година, кога женски леш беше пронајден покрај автопат близу градот Хајлброн.

    Повеќето од 22-те жртви починале насилно, некои биле злоставувани и изгладнувани пред смрт. Идентитетот на жените не е познат, можеби и зашто потекнувале од други држави“, соопшти холандската полиција.

    Истражителите сметаат дека телата можеби намерно биле оставени во Германија, Белгија и Холандија со цел да се збуни истрагата.

    Сакаме да нагласиме дека ги бараме имињата. Идентификацијата на жртвите е клуч за решавањето на случаите. Веруваме дека некои од убиените жени потекнуваат од источна Европа“, изјави портпаролката на Германската федерална полиција Ања Алендорф.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира