ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА ИМА БЛАГОРОДНИ ЦЕЛИ, ТОА БЕШЕ ИСПРАВНА ОДЛУКА, ВЕЛИ ПУТИН

    ИНВАЗИЈАТА НА УКРАИНА ИМА БЛАГОРОДНИ ЦЕЛИ, ТОА БЕШЕ ИСПРАВНА ОДЛУКА, ВЕЛИ ПУТИНПутин вели дека преку воената операција во Украина се штити Русија (Фото: ЕПА)

    Владимир Путин изјави дека руската воена операција во Украина несомнено ќе ги исполни своите благородни цели. Тој присуствуваше на церемонија на доделување награди на космодром во регионот Амур на крајниот исток на Русија, каде што треба да се сретне со белорускиот лидер Александер Лукашенко.

    „Москва немаше избор освен да покрене воена операција за да ја заштити Русија. Судир со украинските антируски сили беше неизбежен и прашање на време. Инвазијата на Украина беше исправна одлука“, кажа Путин.

    Тој додаде дека Русија не планира да се изолира од остатокот на светот, но веќе не можела да го толерира геноцидот што се вршел врз луѓето од регионот Донбас кои зборуваат руски. Путин исто така ги отфрли обвинувањата за масакрот на цивилите во Буча, што го опиша како инсцениран од украинските сили.

    Австрискиот канцелар Карл Нехамер, кој вчера стана првиот лидер од ЕУ кој ја посетил Русија од почетокот на инвазијата на Украина, изјави дека не е оптимист дека наскоро ќе има дипломатска разврска на војната.

    „Путин е заробен во својата сопствена логика за природата на конфликтот. Неговите размислувања и постапки се целосно одредени од војната“, кажа Нехамер по враќањето во Австрија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира