ИРАН ГО ОБВИНИ ИЗРАЕЛ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ НУКЛЕАРНИОТ НАУЧНИК ФАХРИЗАДЕХ И ВЕТИ ЖЕСТОКА ОДМАЗДА

    ИРАН ГО ОБВИНИ ИЗРАЕЛ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ НУКЛЕАРНИОТ НАУЧНИК ФАХРИЗАДЕХ И ВЕТИ ЖЕСТОКА ОДМАЗДАМохсен Фахризадех важеше за архитект на иранската нуклеарна програма (Фото: Ројтерс)

    Иран го обвини Израел за убиството на водечкиот ирански нуклеарен научник Мохсен Фахризадех и вети дека жестоко ќе се одмазди. Фахризадех почина во болница откако неговото возило беше нападнато вчера во близина на Техеран, што Иран го опиша како терористички чин.

    „Ќе ги удриме напаѓачите како гром“, изјави Хосеин Дехган, воен советник на врховниот водач ајатолахот Али Хаменеи.

    Западните разузнавачки служби веруваа дека Фахризадех стоел зад прикриената иранска програма за развој на нуклеарно оружје.

    „Имаме сериозни назнаки дека Израел има улога во нападот“, изјави министерот за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

    Иран и во минатото го обвинуваше Израел за серија убиства на ирански нуклеарни научници, а токму Фахризадех беше истакнат во израелски извештај од 2018 година како водач на програма за креирање на нуклеарно оржује. Израел досега не го коментираше убиството на Фахризадех, кој беше и висок офицер на Иранската револуционерна гарда.

    Фахризадех, кој бил професор по физика, наводно го водел проектот „Амад“, со кој Иран во 1989 година почнал истражувања со крајна цел да содаде атомска бомба. Оваа програма беше затворена во 2003 година, но наводно била возобновена во 2018.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира