ИРАН И НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ НЕМА ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ПРЕД ИЗРАЕЛ, КАЖА ВРХОВНИОТ ВОДАЧ АЛИ ХАМЕНЕИ

    ИРАН И НАШИТЕ СОЈУЗНИЦИ НЕМА ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ ПРЕД ИЗРАЕЛ, КАЖА ВРХОВНИОТ ВОДАЧ АЛИ ХАМЕНЕИХаменеи првпат по неколку години се појави на петочна молитва во Техеран (Фото: АП)

    Врховниот водач ајатолахот Али Хаменеи изјави дека Иран и неговите регионални сојузници нема да се повлечат пред Израел, неколку часа по нападот врз Бејрут, чија мета наводно бил веројатниот иден лидер на Хезболах.

    „Брилијантната акција на нашите вооружени сили пред неколку ноќи беше целосно легална и легитимна. Тоа беше минимална казна што Израел ја заслужи за своите злосторства“, кажа Хаменеи, кој првпат по неколку години се појави на петочна молитва во Техеран.

    Тој го опиша Израел како вампирски режим, а за САД кажа дека е бесно куче во регионот.

    „Непријателот на Иран е истиот како на Палестина, Либан и другите муслимански држави. Иран нема да се двоуми или да одлага акција кога станува збор за Израел“, кажа Хаменеи, додавајќи дека Израел не може да им наштети на Хезболах и Хамас.

    Американскиот претседател Џо Бајден кажа дека израелскиот одговор на иранскиот ракетен напад би можел да вклучи удари на ирански нафтени постројки. Тој не верува дека ќе има општа војна на Блиски Исток, додека Израел разгледува опции за одмазда за нападот во кој Иран испука 180 балистички проектили.  

    Бејрут ноќеска го бомбардираше јужното предградие на Бејрут, Дахиех, при што наводно се обидел да го убие Хашем Сафедин во подземен бункер. Сафедин, чија судбина не е позната, се најавува како наследник на убиениот Хасан Насралах на челото на Хезболах.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира