ИРАН КАЖА ДЕКА ЌЕ ОСИГУРИ БЕЗБЕДЕН ПРЕМИН НА БРОДОВИТЕ НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ОТКАКО ПОСТИГНА ДОГОВОР СО САД

    ИРАН КАЖА ДЕКА ЌЕ ОСИГУРИ БЕЗБЕДЕН ПРЕМИН НА БРОДОВИТЕ НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ОТКАКО ПОСТИГНА ДОГОВОР СО САДДеталите од договорот засега не се објавени јавно, освен дека Иран се согласил повторно да го отвори Ормускиот Теснец (Фото: АП)

    Портпаролот на иранското министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, кажа дека Оман и Иран ќе преземат неопходни мерки за да обезбедат безбеден премин на бродовите низ Ормускиот Теснец откако САД и Иран постигнаа првичен договор за крај на војната. Тој рече дека ова ќе се спроведе во консултација со други засегнати страни.

    „САД се обврзаа да преземат мерки за обнова на Иран по штетите претрпени за време на војната и за укинување на економските санкции за Иран“, кажа Багеи.

    Деталите од договорот засега не се објавени јавно, освен дека Иран се согласил повторно да го отвори Ормускиот Теснец, а САД да ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа. Договорот и официјално треба да биде потпишан в петок во Швајцарија.

    Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека меморандумот за разбирање, доколку се спроведе правилно, ќе биде чесен документ за Иран.

    „90% од членовите на Врховниот совет за национална безбедност гласаа за договорот, а деталите ќе бидат одобрени во соодветно време“, кажа Пезешкијан.

    Иако Доналд Трамп изјави дека бродовите почнале да пловат низ Теснецот, само еден танкер целосно го преминал од објавувањето на договорот, а уште неколку биле во движење. Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека според договорот, бродовите нема да му плаќаат патарина на Иран за минување низ Ормускиот Теснец.

    „Нашето очекување е дека Теснецот ќе биде отворен без патарина на долг рок. Ова засега е привремено, но планот е да продолжат разговорите со Иран во наредните денови за потрајно решение“, изјави Венс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира