ИРАН КИДНАПИРАШЕ ГРЧКИ ТАНКЕР КОЈ ПЛОВЕЛ КОН ТУРЦИЈА

    ИРАН КИДНАПИРАШЕ ГРЧКИ ТАНКЕР КОЈ ПЛОВЕЛ КОН ТУРЦИЈАКомпанијата која управува со бродот соопшти дека тој бил натоварен со 145.000 тони сурова нафта

    Иран запленил грчки танкер што пловел под знамето на Маршалови Острови, објавија државните медиуми. Маскирани вооружени мажи упаднале на бродот „Сент Николас“ близу оманското пристаниште Сохар и наредиле да се упати кон иранско пристаниште.

    Нејасно е зошто бил нападнат танкерот кој пловел од ирачкиот град Басра кон Турција. Британската агенција за поморски трговски операции примила известување дека тој бил заземен од четворица или петмина неовластени лица кои наводно носеле црни маски и црни воени униформи. Комуникацијата со бродот е прекината.

    Ирански државни медиуми ја цитираа армијата дека бродот бил американски, иако тој е во сопственост на Грција. Компанијата која управува со него соопшти дека бродот бил натоварен со 145.000 тони сурова нафта и дека во посадата се 18 Филипинци и еден Грк.

    САД го заплениле „Сент Николас“ во април под неговото претходно име „Суез рајан“ како дел од санкциите воведени кон Иран. Компанијата што тогаш го изнајмувала подоцна призна дека ги кршела санкциите со тајно продавање нафта во името на Иран.

    Овој инцидент се чини не е поврзан со последните напади на јеменските бунтовници во Црвеното Море и се случи во различна област од онаа во која тие дејствуваат. Од почетокот на војната во Газа, тие се заканија дека ќе ги напаѓаат бродовите поврзани со Израел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира