ИРАН ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА Ѝ ДАЛ ДРОНОВИ НА РУСИЈА, НО ПРЕД ДА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНА

    ИРАН ПРВПАТ ПРИЗНА ДЕКА Ѝ ДАЛ ДРОНОВИ НА РУСИЈА, НО ПРЕД ДА ЈА НАПАДНЕ УКРАИНАОстатоци од руски дрон урнат близу Купјанск (Фото: АП)

    Иран денеска првпат призна дека ја снабдил Русија со дронови, но тврди дека тоа се случило пред почетокот на војната во Украина. Во изминатиот период, Русија поинтензивно користеше дронови во нападите на украинските енергетски објекти и цивилна инфраструктура.

    Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амирабдолахаин кажа дека мал број дронови бил испратен во Русија во месеците пред почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари. Тој негира дека Иран продолжил да ја снабдува Москва со дронови.

    Од западните тврдења дека Иран ја снабдувал Русија со дронови и проектили за да ѝ помогне во војната во Украина делот со проектилите е целосно неточен. Делот со дроновите е точен, но тоа се случи неколку месеци пред да почне војната“, изјави Амирабдолахаин.

    Украина тврди дека Русија ја напаѓа цивилната инфраструктура со иранските дронови „шахед-136“, што Москва го демантира.

    Ако Украина има докази дека Русија ги користи иранските дронови во војната, нека ни ги достави. Нема да бидеме рамнодушни кон ова прашање“, кажа Амирабдолахаин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира