ИРАН СЕ СПРЕМА ДА ГО НАПАДНЕ ИЗРАЕЛ СО БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ, ПРЕДУПРЕДИ БЕЛАТА КУЌА

    ИРАН СЕ СПРЕМА ДА ГО НАПАДНЕ ИЗРАЕЛ СО БАЛИСТИЧКИ ПРОЕКТИЛИ, ПРЕДУПРЕДИ БЕЛАТА КУЌАИзраел утрово изврши копнен упад во јужен Либан, чија цел е локалната инфраструктура на Хезболах (Фото: АП)

    САД предупредија дека Иран се спрема да изведе напад со балистички проектили врз Израел, објавија американските медиуми, кои се повикаа на висок функционер од Белата куќа.

    Директен напад врз Израел ќе има сериозни последици по Иран“, рекол тој, додавајќи дека САД ги поддржуваат подготовките на Израел за одбрана од овој напад.

    Ова доаѓа откако Израел утрово изврши копнен упад во јужен Либан, чија цел е локалната инфраструктура на Хезболах. Двете страни кажаа дека досега немало директни борби.

    Израел ја опиша акцијата како ограничена, локализирана и насочена. Еден американски функционер изјави дека израелската операција ќе трае неколку дена, а не неколку недели.

    Моментално нема директни борби, но спремни сме за тоа. Ова е упад, проширен упад и ќе гледаме да ја завршиме работата најбрзо што можеме. Ќе го потиснеме Хезболах подалеку од границата. Израелската војска нема да оди на Бејрут или на градовите во јужен Либан“, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили, Даниел Хагари, додавајќи дека досега не се идентификувани воздушни закани од Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира