ИРАН ЦЕЛОСНО ГО ОТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ДОДЕКА ТРАЕ ПРИМИРЈЕТО ВО ЛИБАН

    ИРАН ЦЕЛОСНО ГО ОТВОРИ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ДОДЕКА ТРАЕ ПРИМИРЈЕТО ВО ЛИБАНТеснецот беше затворен за најголемиот број бродови од почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари (Фото: АП)

    Иран објави дека целосно го отворил Ормускиот Теснец за комерцијалните бродови, што беше едно од главните барања на Доналд Трамп за постигнување мировен договор. Теснецот беше затворен за најголемиот број бродови од почетокот на американско-израелските напади врз Иран на 28 февруари и низ него минуваа само неколку брода дневно.

    Теснецот ќе биде отворен за сите комерцијални бродови до крајот на 10-дневното примирје помеѓу израелските сили и Хезболах, договорено помеѓу Израел и Либан“, изјави иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.

    Тој рече дека минувањето на бродовите ќе треба да биде по рутата што ја објави Организацијата за пристаништа и поморство на Иран.

    Пред војната, низ овој Теснец минуваше една петина од светскиот извоз на нафта и гас. По објавата на Арагчи, цените на нафтата паднаа за 9%.

    Иран објави дека Ормускиот Теснец е целосно отворен и спремен за бизнис“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Сепак, Трамп рече дека американската воена блокада на бродовите што пловат низ Теснецот кон иранските пристаништа останува во сила.

    „Блокадата ќе остане во полна сила сè додека нашата трансакција со Иран не биде 100% завршена. Ова треба да се случи многу брзо, со оглед на тоа што повеќето точки веќе се договорени“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира