ИРСКА ЌЕ БИДЕ ПРВА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ ШТО ЌЕ СТАВА ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ

    ИРСКА ЌЕ БИДЕ ПРВА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ ШТО ЌЕ СТАВА ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИЕтикетите детално ќе ги опишат опасностите како на пример од пиење алкохол за време на бременост. (Фото: Скај)

    Ирска ќе стане првата земја во светот која ќе става предупредувања за здравјето на алкохолни пијалоци.
    Министерот за здравство Стивен Донели вчера ги потпиша новите прописи, кои ќе ги предупредуваат потрошувачите за здравствените ризици од пиење алкохол, како и за бројот на калории на производот. Етикетите нема да бидат задолжителни до мај 2026 .

    „Го поздравувам тоа што сме првата земја во светот што го направи овој чекор и воведе сеопфатно здравствено означување на алкохолните производи. Со нетрпение очекувам другите земји да го следат нашиот пример“, изјави министерот.

    Етикетите детално ќе ги опишат опасностите од пиење алкохол за време на бременоста, потенцијалните фатални карциноми и ризиците од заболување на црниот дроб.

    Планот на Ирска се соочи со протести во Италија, Шпанија и шест други земји-членки на ЕУ кои рекоа дека може да предизвика проблеми, бидејќи може да влијаат негативно на изборот на потрошувачите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира