Сирискиот бомбаш самоубиец, кој бил одбиен за азил во Германија, се снимил на мобилниот телефон како изразува лојалност на Исламска држава пред ноќеска да се обиде да влезе на концерт во Ансбах.
Обезбедувањето не го пушти да влезе по што тој се разнесе пред вински ресторан и повреди 15 луѓе. Терористичката група Исламска држава, исто така, презеде одговорност за нападот во баварскиот град преку својата официјална агенција „Амак“.
#ISIS official agency #Amaq claims #Ansbach bomber was “soldier of the Islamic State”. pic.twitter.com/8WgQitpwQ7
— Harald Doornbos (@HaraldDoornbos) July 25, 2016
Тоа беше четврти напад што ја потресе Германија во рок од една недела, од кои три беа изведени од неодамнешни имигранти.
Баварските власти соопштија дека на видеото во телефонот на бомбашот од Ансбах се гледа како тој изразува лојалност на ИД, но сојузниот министер за внатрешни работи Томас де Мизие вели дека се уште не може со сигурност да потврди дека се работи за тероризам, бидејќи напаѓачот претходно два пати се обидел да се самоубие и бил на психолошка терапија.
„Можеби е комбинација од двете“, изјави Де Мизие.
ИД соопшти дека нападот бил изведен од „еден од војниците на Исламска држава“ и дека тој го извел нападот како одговор на повиците на групата да се извршуваат напади во земјите што се дел на коалицијата, предводена од САД, која се бори против ИД во Сирија и Ирак.