ИСЛАМСКА ДРЖАВА УБИ 84-ГОДИШЕН ПОП ВО ЦРКВА ВО ФРАНЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:33:"Франција(Би-Би-Си)

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА УБИ 84-ГОДИШЕН ПОП ВО ЦРКВА ВО ФРАНЦИЈА

    84-годишен свештеник е убиен, а уште 4 луѓе утринава беа земени заложници од двајца вооружени кои ја запоседнаа црквата во предградие на Руен, северна Франција. Двајцата напаѓачи, кои рекле дека се од Исламска држава (ИД), му го пресекле грлото а отецот Жак Амел, за време на утринската миса, велат властите.

    Полицијата ја опседна црквата и ги уби напаѓачите. Француските медиуми го именуваа едниот како Адел К. (18), кој претходно бил во притвор, а потоа ставен под надзор и двапати се обидел да влезе во Сирија. Еден од заложниците е во критична состојба, а тројца беа ослободени.

    Нападот се случи при утринската миса во историската црква, на тивок плоштад. Една калуѓерка која била на мисата изјави:

    „Го присилија отец Амел да клекне на колена. Сакаше да се брани, и тогаш се случи трагедијата. Тие се снимаа себеси. Направија некаква молитва околу олтарот, на арапски. Беше хорор“. Таа рече дека успеала да избега кога се спремале да го убијат отецот.

    Претседателот Франсоа Оланд, кој го посети местото на нападот, рече дека напаѓачите извршиле кукавички атентат и дека Франција ќе се бори со ИД со сите средства.

    Папата Фрањо ја осуди „болката и ужасот на ова апсурдно насилство“.

    Француската полиција по нападот изврши рација во една куќа во предградието, а еден е уапсен.

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира