Исланд гласаше против продолжувањето на преговорите за членство во Европска Унија, објави државната телевизија „РУВ“. Според речиси целосните резултати од вчерашниот референдум, 52,5% Исланѓани гласале против владиниот предлог, а 47,5% се изјасниле „за“. Разликата во гласови е околу 9.500.
Премиерката Криструн Фростадотир вети дека ќе организира референдум по ова прашање до 2027, но ја убрза постапката поради меѓународните тензии, особено околу Гренланд. Сепак, дебатата во земјата со 400.000 жители повеќе се водеше за рибарството отколку за безбедносните грижи.
Исланд аплицираше за членство во ЕУ во 2009 и преговорите беа во напредна фаза кога беа ставени во мирување во 2013. Правата за риболов беа и остануваат најголемата пречка.



