Меѓународен тим на истражители објави дека има цврст доказ дека проектил испукан од ракетен систем на руската војска го соборил авионот над источна Украина во 2014 година.
„Боинг 777“ на „Малезија ерлајнс“ леташе од Амстердам за Куала Кумпур, кога бил погоден над воена зона во источна Украина на 17 јули 2014 година, при што загинаа сите 298 луѓе кои беа во авионот.
Освен Холанѓани, во тимот учествувале и истражители од Австралија, Малезија и Украина и тие своите докази и заклучоци ги изнесоа на денешната прес-конференција во Хаг. Тие велат дека го идентификувале конкретниот ракетен систем БУК, одговорен за уривањето на авионот.
„Имаме убедлив и легален доказ дека БУК-системот вклучен во инцидентот ѝ припаѓал на 53. противвоздушна ракетна бригада, стационирана во Курск, во западна Русија“, кажаа на прес-конференцијата.
Ова е првпат една истрага да изнесе доказ дека руската војска е одговорна за уривањето на авионот, што руската страна и натаму го демантира.
Според главниот истражител Фред Вестербеке, десетици луѓе се директно вмешани во овој инцидент, не откривајќи имиња.