ИТАЛИЈА ДЕНЕСКА ИМА ПОМАЛКУ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ОД МАКЕДОНИЈА

    ИТАЛИЈА ДЕНЕСКА ИМА ПОМАЛКУ НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС ОД МАКЕДОНИЈАИталија долго време ги имаше најстрашните бројки во Европа, но во меѓувреме ги укина коронамерките и ги отвори границите (Фото: Ројтерс)

    Италија, која беше прво големо жариште на коронавирусот во Европа, потврди 174 нови случаи на зараза, два помалку од денешниот биланс во Македонија. Во изминатите 24 часа починале 22 луѓе од ковид-19.

    Министерството за здравство објави дека најголемиот дел од овие бројки отпаѓа на северните региони, додека во јужниот дел на земјата порастот е едноцифрен, а во некои региони и нема нови случаи на зараза. Ломбардија и натаму е на врвот на листата со 97 новозаразени, следена од Емилија-Ромања со 22.

    Италија долго време ги имаше најстрашните бројки во Европа, при што дневен рекорд ѝ беше 950 починати. Од почетокот на кризата, во Италија има над 240.000 заразени и речиси 35.000 починати.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари