ИТАЛИЈА ЌЕ ГО ОДАНОЧИ ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ СО 40 ОТСТО ПОРАДИ ВИСОКИТЕ КАМАТИ

    ИТАЛИЈА ЌЕ ГО ОДАНОЧИ ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ СО 40 ОТСТО ПОРАДИ ВИСОКИТЕ КАМАТИАналитичарите очекуваат државата да наплати најмалку 2 милијарди евра од новиот данок. - Премиерката Џорџа Мелони (Фото: Фејсбук)

    Италијанската влада предводена од премиерката Џорџа Мелони објави дека еднократно ќе ги оданочи профитите на банките со стапка од 40 отсто. Италијанските банки остварија рекордни профити поради зголемените каматни стапки на кредитите во период кога обичните луѓе се погодени од високата инфлација.

    Матео Салвини, заменик премиерот, ја нападна Европската централна банка (ЕЦБ) која е надлежна за одредување на каматните стапки, место самите банки.

    „Зголемувањето на каматните стапки од страна на ЕЦБ ги поскапе парите за фамилиите и бизнисите“, кажа Салвини, додавајќи дека истовремено значително не пораснаа и каматните стапки за штедење.

    Тој рече дека парите од овој данок ќе одат за даночни олеснувања и за помош на граѓаните кои имаат хипотеки. Салвини очекува новиот данок да донесе голема сума, но не можеше да каже конкретна бројка. Аналитичарите очекуваат сумата да биде најмалку 2 милијарди евра.

    „Да не навлегуваме во бројки. Само погледнете ги профитите од првото тримесечје на банките и ќе видите дека не зборуваме за неколку милиони, туку потенцијално за многу милијарди“, вели Салвини.

    Италија не е првата земја во Европа што им наметнува нови давачки на банките. Шпанската влада им воведе сличен данок на банките и очекува да инкасира околу 3 милијарди евра. Унгарија, исто така, им наметна нови давачки на банките.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира