ИТАЛИЈА ОДИ ВО ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ, ДОМА ЌЕ МОЖЕ САМО СО ДВАЈЦА ГОСТИ

    ИТАЛИЈА ОДИ ВО ЦЕЛОСНО ЗАТВОРАЊЕ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ, ДОМА ЌЕ МОЖЕ САМО СО ДВАЈЦА ГОСТИИталија повторно стана европска земја со најголема смртни случаи од ковид-19 (Фото: Гети)

    Италија е последната европска земја која нареди национално затворање за претстојните празници, во обид да се скроти ширењето на коронавирусот.

    Целата земја е прогласена за „црвена зона“, што значи дека сите ресторани, барови и несуштински продавници ќе бидат затворени, а Италијанците ќе смеат да патуваат само за работа и поради здравствени и итни случаи. На сила останува и полицискиот час од 20 до пет часот.

    „Ова не беше лесна одлука. Нашите експерти беа сериозно загрижени дека за Божиќ ќе има голем пораст на бројот на заразени и затоа моравме да дејствуваме“, изјави премиерот Џузепе Конте, најавувајќи дека вакцинирањето ќе почне овој месец.

    Италија повторно стана европска земја со најголема смртност од ковид-19, од кој досега починаа речиси 68.000 луѓе.

    Новите мерки во Италија ќе бидат на сила од 24 до 27 декември, 31 декември-3 јануари, како и на 5/6 јануари. Во овие денови, ќе смеат да се примаат само двајца гости.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира