ИТАЛИЈА ПОВТОРНО ГИ ЗАТВОРА УЧИЛИШТАТА, ПРОДАВНИЦИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ ПОРАДИ НОВО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТ

    ИТАЛИЈА ПОВТОРНО ГИ ЗАТВОРА УЧИЛИШТАТА, ПРОДАВНИЦИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ ПОРАДИ НОВО ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУСОТНеколку региони ќе бидат прогласени за црвени зони (Фото: Ројтерс)

    Италијанската влада повторно ќе ги затвори училиштата, рестораните и продавниците во најголем дел од земјата откако новото ширење на коронавирусот ги стави болниците под голем притисок. Италија вчера регистрираше речиси 26.000 нови случаи на зараза и 373 починати од ковид-19, при што стана трета европска земја со повеќе од 100.000 мртви досега.

    Поради ширењето на новите варијанти на коронавирусот, некои од најнаселените северни региони, како Ломбардија, од понеделник ќе бидат прогласени за црвени зони, исто како и Калабрија на југот. Кон нив би можел да се придружи и Лацио, регионот на кој му припаѓа и Рим.

    Новата влада предводена од Марио Драги неодамна најави заострување на рестрикциите, што ќе вклучи затворање на основни и средни училишта, барови, ресторани и продавници, а на граѓаните ќе им се советува да седат дома. Други региони, како Тоскана и Лигурија, ќе бидат прогласени за портокалови зони, што исто така подразбира затворање на сите продавници, угостителски објекти и музеи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира