ИТАЛИЈА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА СИТЕ НАД 50 ГОДИНИ

    ИТАЛИЈА ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ЗА СИТЕ НАД 50 ГОДИНИМерката е една од најстрогите во Европа и стапува на сила веднаш (Фото: Блумберг)

    Италија воведе задолжително вакцинирање против ковид-19 за сите лица над 50 години, додека се обидува да ги растовари болниците и да го намали бројот на смртни случаи среде ново големо ширење на коронавирусот. Мерката е една од најстрогите во Европа и стапува на сила веднаш.

    Таа беше поддржана едногласно од министрите, и покрај политичките поделби што постојат во коалициската влада на Марио Драги.

    Италијанските болници се најдоа под голем притисок поради сојот омикрон. Вчера се регистрирани речиси 190.000 нови случаи на зараза и 231 починат од ковид-19, со што вкупната бројка порасна на 138.276, најмногу во Европа по Велика Британија.

    Министерот за здравство Роберто Сперанца кажа дека две третини од пациентите на интензивна нега не се вакцинирани.

    Бизнис лидерите ја повикаа владата да воведе задолжително вакцинирање за сите работници, стравувајќи дека последниот бран на пандемијата ќе ја забави економијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира