ИТАЛИЈАНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОЧНА ШТРАЈК СО ГЛАД КАКО ПРОТЕСТ ПРОТИВ КОРОНАМЕРКИТЕ

    ИТАЛИЈАНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК ПОЧНА ШТРАЈК СО ГЛАД КАКО ПРОТЕСТ ПРОТИВ КОРОНАМЕРКИТЕКатено де Лука викендов постави шатор и оттогаш спие во него (Фото: Фејсбук)

    Градоначалникот на италијанскиот град Месина почна штрајк со глад, протестирајќи против коронамерките што ги воведе владата. Катено де Лука постави шатор во пристанишниот сицилијански град викендов и оттогаш спие во него.

    Тој вели дека сака симболично да го блокира Месинскиот Проток меѓу Сицилија и италијанското копно. Де Лука протестира против правилото дека само лицата кои се вакцинирани или го прележале ковид-19 можат да патуваат од и кон Сицилија со траект или авион.

    „Државата ја држи Сицилија во заложништво“, кажа 49-годишниот Де Лука, кој поднесе оставка и од февруари веќе нема да биде градоначалник.

    Тој денеска на Фејсбук објави дека почнува со штрајкот.

    Италијанската влада на 10 јануари воведе построги мерки со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, но и да се натераат луѓето да се вакцинираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира