Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека дава оставка откако претрпе тежок пораз на референдумот за неговиот план за уставни измени.
Првите резултати покажаа дека 42-46% од избирачите гласале за неговиот предлог на реформи, наспроти 54-58% што гласале „Не“.
Десничарските партии не го поддржаа планот на Ренци. Веднаш по објавувањето на резултатите падна вредноста на еврото во однос на американскиот долар.