ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ЗАВРШЕНИ, ПРАВНАТА БИТКА САМО ШТО ЗАПОЧНА, КАЖАА ОД ТИМОТ НА ТРАМП

    ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ ЗАВРШЕНИ, ПРАВНАТА БИТКА САМО ШТО ЗАПОЧНА, КАЖАА ОД ТИМОТ НА ТРАМПОд тимот на Трамп досега немаат дадено ниеден доказ за своите тврдења за изборни нерегуларности (Фото: АП)

    Тимот на Доналд Трамп порача дека изборите се далеку од завршени и дека правната битка за оспорување на победата на Џо Бајден е само почеток.

    „Овие избори не се завршени“, изјави портпаролката на Белата куќа, Кејли Мекенени.

    Таа изнесе жестоки обвинувања за изборни измами, за што досега нема никакви докази. И покрај тоа, јавниот обвинител Вилијам Бар ги овласти федералните обвинители да почнат истрага за изборни нерегуларности.

    Доналд Трамп досега нема признато пораз и продолжува да прави планови за задржување на власта. Тој денеска на Твитер уште еднаш неосновано обвини за „незамисливи и незаконски“ активности за време на гласањето. Администрацијата за општи работи, која управува со федералните агенции, засега не му дозволува на тимот на Бајден да започне со транзицијата, бидејќи победник на изборите сѐ уште не е прогласен.

    „Тукушто го почнавме процесот за добивање точен и чесен исход од броењето гласови“, изјави Мекенени и ги повика медиумите да ги истражат засега непотврдените тврдења на Републиканците, по што „Фокс њуз“ се исклучи од настанот.

    Кампањата на Трамп покрена тужба во федералниот суд на Пенсилванија, во обид да ги спречи властите да го прогласат Бајден за победник. Јавниот обвинител Бар им дал зелено светло на американските обвинители да ги разгледаат само „суштинските обвинувања“ за нерегуларности, а „шпекулативните, нереални и претерани тврдења“ да ги игнорираат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира