ИЗРАЕЛ ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА МОЌТА НА ВРХОВНИОТ СУД, И ПОКРАЈ ГОЛЕМИТЕ ПРОТЕСТИ

    ИЗРАЕЛ ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ОГРАНИЧУВАЊЕ НА МОЌТА НА ВРХОВНИОТ СУД, И ПОКРАЈ ГОЛЕМИТЕ ПРОТЕСТИДемонстрантите денеска го блокираа булеварот пред парламентот, при што полицијата употреби водени топови (Фото: АП)

    Израелскиот парламент усвои контроверзен закон за судските реформи, и покрај протестите на кои се бараше негово повлекување. Со новиот закон, на врховниот суд му се одзема правото да ги поништува владините одлуки кои ги смета за неприфатливи.

    Ова е првата во серијата жестоко оспорувани реформи со кои треба да се ограничи моќта на судовите, а кои допрва треба да бидат одобрени. Најавените реформи поттикнаа некои од најголемите протести во историјата на Израел и сериозна политичка криза. 

    Владата тврди дека реформите се неопходни за да се исправи нерамнотежата во моќта поради која судовите често интервенираа во политичките одлуки во последните децении. Законот беше одобрен со 64 гласа „за“ и ниеден „против“ откако опозицијата го бојкотираше последното гласање.

    Го направивме првиот чекор во историскиот процес на исправањето на судскиот систем“, изјави министерот за правда Јарив Левин.

    Демонстрантите денеска го блокираа булеварот пред парламентот, при што полицијата употреби водени топови за да ги растера. Еден демонстрант е повреден, а шестмина се уапсени.

    Премиерот Нетанјаху ја киднапираше државата и загрижен сум дека стануваме теократија“, изјави еден демонстрант.

    Нетанјаху се појави во парламентот само два дена по непланирана операција за пејсмејкер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира