ИЗРАЕЛ И ХАМАС ДОГОВОРИЈА ЧЕТИРИДНЕВНО ПРИМИРЈЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗАЛОЖНИЦИ

    ИЗРАЕЛ И ХАМАС ДОГОВОРИЈА ЧЕТИРИДНЕВНО ПРИМИРЈЕ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ЗАЛОЖНИЦИОд канцеларијата на Нетанјаху кажаа дека во следните четири дена ќе бидат ослободени 50 жени и деца (Фото: АП)

    Израелската влада и Хамас договорија четиридневна пауза во борбите за да се овозможи ослободување на 50 заложници кои се држат во Газа, додека од израелските затвори ќе бидат пуштени 150 Палестинци. Договорот предвидува и влегување на стотици камиони со хуманитарна помош во Газа, што вклучува и гориво.

    Катар, кој беше посредник во преговорите, САД, Израел и Хамас со денови најавуваа дека договорот е неизбежен. Се проценува дека палестинските милитантни групи држат околу 240 заложници од нападот на Израел на 7 октомври, од кои досега беа ослободени само четворица.

    Од канцеларијата на израелскиот премиер Нетанјаху потврдија дека во следните четири дена ќе бидат ослободени 50 жени и деца.

    За секои ослободени десет заложници паузата во борбите ќе биде продолжена за уште еден ден. Израелската влада е посветена на враќањето на сите заложници. Ова е прва етапа од постигнувањето на таа цел“, кажаа од кабинетот.

    Хамас додаде дека за возврат ќе бидат пуштени 150 палестински жени и деца кои се држат во израелските затвори.

    Израел вети дека нема да напаѓа и апси во ниеден дел од Газа за време на примирјето“, соопшти Хамас.

    Катарската влада кажа дека почетокот на примирјето ќе биде објавено во следните 24 часа. Израелското министерство за правда објави листа со 300 палестински затвореници кои се достапни за пуштање.

    Ова е прво примирје од почетокот на војната, во која, според министерството за здравство на Газа, загинале над 13.300 цивили. Нетанјаху претходно кажа дека војната ќе продолжи додека не бидат остварени пошироките цели.

    Ние сме во војна и таа ќе продолжи сѐ до уништувањето на Хамас и враќањето на сите заложници“, изјави Нетанјаху пред да биде објавен договорот за примирје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира