ИЗРАЕЛ И НАТАМУ СЕ БОРИ СО ХАМАС НА СВОЈАТА ТЕРИТОРИЈА, ДОСЕГА НАД 1.100 ЗАГИНАТИ

    ИЗРАЕЛ И НАТАМУ СЕ БОРИ СО ХАМАС НА СВОЈАТА ТЕРИТОРИЈА, ДОСЕГА НАД 1.100 ЗАГИНАТИИзраелската војска објави дека досега нападнала повеќе од 1.000 цели во Газа (Фото: АП)

    Израелските одбранбени сили (ИДФ) и натаму се борат со милитантите на Хамас на седум-осум локации на територијата на Израел, две дена откако тие упаднаа од Газа. Многумина од милитантите се убиени, но други се кријат во куќи, кажаа од ИДФ.

    Израелската војска објави дека досега нападнала повеќе од 1.000 цели во Газа.

    Обемот на оваа операција е нешто сосема различно. Потребно е повеќе време отколку што очекувавме за да ги вратиме работите во одбранбена позиција. Борците на Хамас и натаму влегуваат во Израел од Газа“, изјави портпаролот на војската Ричард Хехт, додавајќи дека се повикани 110.000 воени резервисти кои моментално се подготвуваат во јужен Израел за борбени дејства.

    Досега е потврдено дека загинале над 700 луѓе во Израел и најмалку 413 во воздушните напади на Газа.

    Ова е најлошиот ден во историјата на Израел. Никогаш досега не биле убиени толку многу Израелци во една непријателска активност во еден ден. По 48 часа борби, ситуацијата во Израел останува страшна. Воздушните напади на Газа продолжуваат, на капацитетите на Хамас им е нанесен фатален удар. Нашата цел е да бидеме сигурни дека по завршувањето на оваа војна Хамас веќе нема да има никакви воени способности да ги загрозува израелските цивили и дека веќе нема да управува со Газа“, кажа портпаролот на ИДФ, Џонатан Конрикус.

    Палестинските милитанти потврдија дека држат повеќе од 130 заложници во Газа, што ја усложнува израелската воена операција. Меѓу загинатите има и странски државјани, како од САД, Велика Британија, Непал, Тајланд и Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира