ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНЦИТЕ ГО ПОЧИТУВААТ ПРИМИРЈЕТО ПО ТРИ ДЕНА НАСИЛСТВА И 44 ЗАГИНАТИ

    ИЗРАЕЛ И ПАЛЕСТИНЦИТЕ ГО ПОЧИТУВААТ ПРИМИРЈЕТО ПО ТРИ ДЕНА НАСИЛСТВА И 44 ЗАГИНАТИПоследните насилства во регионот почнаа со израелските напади на Газа во петокот (Фото: АП)

    Израел и палестинските милитанти го почитуваа примирјето ноќеска по три дена насилства, во кои загинаа најмалку 44 луѓе. САД и Обединетите нации ги повикаа двете страни да продолжат да го одржуваат примирјето, кое беше договорено со посредство на Египет.

    Министерството за здравство на Газа соопшти дека меѓу убиените се 15 деца и четири жени, а има и 311 повредени. Израел тврди дека некои од загинатите биле убиени од погрешно испукани ракети од страна на палестинските милитанти.

    Последните насилства во регионот, најсериозни од 11-дневниот конфликт во 2011, почнаа со израелските напади на појасот Газа во петокот, како одговор на заканите од тамошната милитантна група Палестински исламски џихад (ПИЈ). Меѓу убиените се и двајца високи команданти на ПИЈ.

    Тензиите одново се засилија откако Израел пред една недела го уапси лидерот на ПИЈ за Западен Брег. Палестински исламски џихад е една од најсилните милитантни групи кои оперираат во Газа, поддржана е од Иран и има седиште во Дамаск. Таа има помалку борци од Хамас и нема доволно информации со какво оружје располага.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира