ИЗРАЕЛ ЈА ГУБИ ГЛОБАЛНАТА ПОДДРШКА ПОРАДИ ЖЕСТОКИТЕ БОМБАРДИРАЊА НА ГАЗА, КАЖА БАЈДЕН

    ИЗРАЕЛ ЈА ГУБИ ГЛОБАЛНАТА ПОДДРШКА ПОРАДИ ЖЕСТОКИТЕ БОМБАРДИРАЊА НА ГАЗА, КАЖА БАЈДЕНСАД не ја поддржаа резолуцијата на ОН со која се бара примирје во Газа (Фото: АП)

    Повеќе од 150 држави ја поддржаа необврзувачката резолуција на Обединетите нации со која се бара примирје во Газа, додека Џо Бајден изјави дека Израел ја губи глобалната поддршка поради неселективното жестоко бомбардирање на палестинската енклава.

    Хамас ја поздрави резолуцијата, додека Израел кажа дека примирјето само ќе го продолжи владеењето на теророт на Хамас. Од почетокот на војната, во Газа загинале повеќе од 18.400 луѓе, а над 50.000 се ранети.

    Меѓу десетте членки на ОН кои гласаа против резолуцијата беа САД, Израел, Австрија и Парагвај, додека 23 држави беа воздржани, како Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Украина.

    Иако повтори дека Израел може да смета на поддршката на САД, Бајден излезе со најострата критика на израелската влада од почетокот на војната.

    Безбедноста на Израел може да се потпира на САД, но во моментов има повеќе од САД. Ја има Европската Унија, ја има Европа, го има најголемиот дел од светот. Но, Израел почнува да ја губи таа поддршка со неселективното бомбардирање што се случува“, рече Бајден на настан за собирање средства за неговата кампања.

    Бајден се соочува со зголемен притисок, вклучително и од неговата Демократска партија, да ја заузда воената акција на Израел. Ваквите забелешки се во согласност со актуелниот пристап на неговата администрација кон војната, при што Вашингтон го повика Израел повеќе да води сметка да се избегнуваат цивилни жртви.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира