ИЗРАЕЛ ЌЕ ГИ ШПИОНИРА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ДА ОТКРИВА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

    ИЗРАЕЛ ЌЕ ГИ ШПИОНИРА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ЗА ДА ОТКРИВА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСПремиерот Нетанјаху вели дека следењето на мобилните телефони ќе биде на сила 30 дена (Фото: ЕПА)

    Израелската влада денеска одобри вонредни мерки за следење на луѓето за кои е потврдено или има сомнежи дека се заразени со коронавирусот. Тоа ќе се прави така што ќе се набљудуваат мобилни телефони, што во јавноста беше оценето како повреда на приватноста.

    Според премиерот Бенјамин Нетанјаху, со користењето на технологијата, досега наменето првенствено за антитерористички цели, властите ќе добиваат информации за луѓето кои можеби биле во контакт со заразени лица и ќе се засилуваат наредбите за карантин. Тој додаде дека сајбернабљудувањето ќе биде на сила 30 дена.

    „Израел е демократија и мора да постигнеме баланс помеѓу граѓанските права и потребите на јавноста. Овие алатки ќе ни помогнат да лоцираме болни и да го спречиме ширењето на вирусот“, изјави Нетанјаху.

    Со околу 300 потврдени случаи на коронавирус, Израел го затвори поголемиот дел од земјата, вклучувајќи хотели, ресторани, кафулиња, театри, кина и трговски центри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира