ИЗРАЕЛ ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА НОСАТ ОРУЖЈЕ ПО ПОСЛЕДНИТЕ НАПАДИ ВО ЕРУСАЛИМ

    ИЗРАЕЛ ЌЕ ИМ ОВОЗМОЖИ НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ДА НОСАТ ОРУЖЈЕ ПО ПОСЛЕДНИТЕ НАПАДИ ВО ЕРУСАЛИМПремиерот Нетанјаху вети силен и брз одговор на нападите во Источен Ерусалим (Фото: АП)

    Израелскиот безбедносен кабинет одобри мерки со кои на граѓаните ќе им биде дозволено да носат оружје по последните два напада во Ерусалим, во кои беа убиени седум луѓе. Пукањата се случија по упадот на израелската војска на окупираниот Западен Брег, при што загинаа девет луѓе, меѓу кои и цивили.

    Според новите мерки, на членовите на семејствата на напаѓачите ќе им се одземаат жителството и социјалните права.

    Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети силен и брз одговор на нападите во Источен Ерусалим. Израелската војска исто така најави дека ќе го засили своето присуство на Западен Брег.

    Кога цивилите имаат оружје, тие можат да се бранат“, изјави министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.

    Новите мерки беа најавени ден откако 13-годишен Палестинец тешко рани две лица во Ерусалим, пред да биде застрелан од случаен минувач. Палестинските милитантни групи ги славеа последните напади, но ниедна од нив не ја презеде одговорноста.

    Од почетокот на јануари, убиени се 30 Палестинци на Западен Брег.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира