ИЗРАЕЛ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОЧНЕ ОФАНЗИВАТА ВО ЈУЖНА ГАЗА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ АКО НЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ СИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ

    ИЗРАЕЛ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОЧНЕ ОФАНЗИВАТА ВО ЈУЖНА ГАЗА СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ АКО НЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ СИТЕ ЗАЛОЖНИЦИИзраел се наоѓа под силен меѓународен притисок да го откаже нападот (Фото: ЕПА)

    Израел ќе почне копнена офанзива во Рафа ако Хамас не ги ослободи сите заложници до 10 март, изјави членот на израелската воена влада Бени Ганц. Ова е првпат Израел да најави кога неговата војска би можела да влезе во јужниот град во Газа, кој е преполнет со палестински бегалци.

    Израел се наоѓа под силен меѓународен притисок да го откаже нападот, но премиерот Нетанјаху не отстапува од планот, тврдејќи дека Рафа е последното упориште на палестинските милитанти во Газа.

    Светот мора да знае и лидерите на Хамас мора да знаат: ако заложниците не бидат дома до Рамазан, борбите ќе продолжат секаде, вклучително и во областа на Рафа“, кажа Ганц.

    Рамазан оваа година почнува на 10 март.

    Бившиот израелски министер за одбрана кажа дека Израел ќе дејствува на координиран начин и ќе овозможи евакуација на цивилите во разговор со своите американски и египетски партнери, со цел да се намали бројот на цивилните жртви. Сепак, Израел досега нема објавено детали за планот за евакуација.

    На три недели до почетокот на Рамазан, извештаите од Рафа велат дека малку луѓе засега го напуштаат градот, движејќи се западно кон брегот. Дури и САД го предупредија Израел дека копнена офанзива на Рафа би била катастрофа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира